Нова измена на Фејсбук- ова нема да ви се допадне

 

Фејсбук воведува нова опција која најверојатно нема да ви се допадне. Истата, засега им е достапна само на мал број корисници.

Имено, компанијата Фејсбук неодамна наравила алгоритам кој многу прецизно ги идентификува личностите врз основа на лицата на фотографијата и на корисниците им нуди сугестија за тагови со имињата на пријателите за означувањето на фотографиите да биде побрзо. Технологијата наречена DeepFace прв пат беше прикажана во март минатата година. Меѓутоа, набрзо Фејсбук ќе премине на автоматско тагирање на пријателите на фотографиите.

За среќа, автоматското тагирање ќе може да се исклучи и во подесувањата, но дури кога оваа опција ќе биде достапна за сите. Исто така, доколку не сакаме да се видиме на нечија слика, ќе мораме да бараме од Фејсбук да ни го замати лицето.

DeepFace користи технологија која ја развила израелската компанија face.com, а која во 2013 година ја купил Фејсбук. Творците тврдат дека оваа технологија може да одреди личност со 97.25% точност, а таа дневно може да прегледа повеќе од 400 милиони фотографии.

 

 

Оцени ја веста

11.02.2015 - 21:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега