Рецепт: Похован кромид

 

Потребни намирници:

2 јајца

750 мл млеко

0,5 кафена лажичка сол

Масло за пржење

375 мл пиво

240 гр брашно

3 глави кромид

Ги исипуваме брашното и солта во сад.

Правиме дупка во средината каде го исипуваме пивото. Ги додаваме јајцата едно по едно.

Мешаме бавно додека не се добие густа изедначена каша.

Оставаме смесата да одстои најмалку 30 минути.

Го лупиме кромидот и го сечеме на цели кругови со дебелина 1 см.

Кромидот го посипуваме со млеко и оставаме да одстои 1 час.

Во сад за пржење загреваме поголема количина масло.

Ги цедиме парчињата кромид и ги потопуваме во кашата од пиво.

Пржиме од двете страни околу 3 минути додека не добие златна боја.

Пржениот кромид го поставуваме врз хартија за да се исцеди вишокот масло. Сервираме веднаш.

 

 

Оцени ја веста

09.02.2015 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега