Макрадули стана врховен командант на Армијата

 

Јани Макрадули стана врвховен командат на АРМ. Весникот Вест во утрешниот број пишува дека согласно законот, доколку Претседателот, Премиерот и Претседателот на Собранието истовремено не се во државата, тогаш врховен командант на македонската армија и замена за претседателот станува еден од потпретседателите на Собранието. Токму таква е ситуацијата во моментов. Премиерот Груевски од Азербејџан замина за Јужна Америка, Вељановски е во Кипар, а Претседателот Иванов е во Канада. Тоа значи дека потпретседателите на Собранието, Јани Макрадули, Сузана Салиу и Светлана Јакимовска треба да ја водат државата додека врвот е отустен. 
Интересно е што и Салиу е на патување во Германија, па сега Макрадули и Јакимовска мора да решат кој ќе ја води државата. 
Целиот текст прочитајте го во последниот број на Вест

најчитано сега