Пробајте нешто ново– вкусни пржени лепчиња со рум, мед и ванила
Веројатно нема човек во Македонија кој не пробал пржени лепчиња со јајца, сирење и чаша јогурт за појадок. Но овие три рецепти за необични пржени лепчиња ќе ве воодушеват и веднаш ќе посакате да ги пробате.
1. Пржени лепчиња со шеќер и цимет – изматете две јајца, две лажици слатко млеко, една лажичка маслиново масло, една мала лажичка цимет и половина лажиќка шеќер. Лепчињата потопете ги во смесата и пржете ги од двете страни. Сервирајте со малку мед додека се уште топли.
2. Пржени лепчиња со ванила – една четвртина шолја брашно постепено измешајте со една шолја млеко, 3 изматени јајца, 1 ванила, половина лажичка цимет, половина мала лажичка сол и 1 лажица шеќер. Треба да добиете хомогена смеса, во која ќе ги потопувате лепчињата пред да преминете кон класично пржење.
3. Пржени лепчиња со рум – изматете 4 јајца, 2 ќесички ванила, половина лажичка цимет и 1 лажица рум. Во оваа смеса потопувајте ги лепчињата и пржете ги на јак оган додека не станат кафеавкасти. Полијте ги со мед и уживајте.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа