Гајич на чекор до титулата најдобар стрелец на Мундијалот во Катар

 

Словенечкиот репрезентативец Драган Гајич е на чекор до освојување на признанието најдобар стрелец на Светското ракометно првенство во Катар.

Тој вчера на дуелот со Данска постигна 12 гола и сега е лидер со 68, а на втората позиција е Жарко Марковиќ од Катар со 60. Салинас од Чиле е на третата позиција со 52. Кирил Лазаров е веднаш зад него со 45, со тоа што македонскиот капитен, за разлика од конкурентите, одигра најмалку натпревари (шест), а можно е и уште неколку играчи по денешните и утрешните натпревари да го минат во оваа статистичка категорија.

Во конкуренција на асистенции, Данецот Михаел Хансен е со 46, пред Раул Ентрериос со 29, Лазаров и  Сергеј Рутенка имаат по 28.

Марковиќ е прв по бројот на голови и асистенции, има вкупно 82 (60+22).

Хасан Мабрук од Катар е прв на листата на играчи со украдени топки- вкупно 13, додека Шпанците Гедеон Гвардиола и Виран Морос имаат по 13 блокади.

Германскиот голман Карстен Лихтлајн има најдобар процент одбранети удари 39 % (56/145).

 

 

Оцени ја веста

31.01.2015 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега