Ова е срам за светскиот ракомет - дали Катар го купи првенството?
-Ова е срам за светскиот ракомет, јасен беше Пјотр Чраповски по поразот на Полска во полуфиналето на Светското првенство. Катар славеше со 31-29, но полскиот ракометар мисли дека најдобри играчи им беа Николиќ и Стојковиќ, судиите од Србија.
- Сите видоа што направија судиите. Невозможно беше да добиеме некоја одлука на наша страна, незнам дали Катар веќе го купил првенството, но ова е срамота. Судиите треба да бидат суспендирани, никогаш повеќе да не судат, почна Чраповски, па додаде:
-Секој може да го види тоа. Секој нормален ракометен гледач знае дека резултатот се знаеше уште пред почетокот на натпреварот.
И германските репрезентативци по поразот од домаќинот во четвртфиналето слично говореа, со заклучок дека не е дозволено да го победите Катар.
- Невозможно е да го победите Катар. Престапи, фаули во напад, нивни две исклучување, а наши десет... Тоа не е нормално. Такви работи не се случуваат на нормални натпревари, заклучи Чраповски, кој не постигна ни еден гол во полуфиналето.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа