Среќни коцки најдобитен лоз во јануари!

Неделава Инстант лотаријата Среќни коцки се покажа како најдобитна. По милион денари во понеделникот, 10 илјади во средата, денес веќе имаме трета добивка од 10 илјади денари. Задоволството од играње на јамб во облик на Инстант лотаријата  Среќни коцки,  го почувствува Владо Јованов од Битола.

 Тој и неговото семејство редовно ги играат игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија, посебно Инстант лотариите.  Добивката од 10 илјади денари, благодарение на Среќни коцки, им е прва добивка од игрите на среќа. Владо својот среќен Инстант лоз Среќни коцки го купил од нашето среќно место Вагабонт на Широк Сокак, во центарот на Битола. Тој купил 5 лоза кои одлучил да ги изгреба дома. Едниот од нив им ја донесе првата добивка.

 

 Под мотото СВРТИ ЈАМБ ЗА МИЛИОН, играта Среќни коцки им овозможува на играчите одлична можност за забава во комбинација со можност да освојат добивка која веднаш може да си ја однесат дома. До овој момент имаме двајца добитници на најголемата добивка во оваа игра, милион денари. 

  Добитните комбинации во оваа игра на среќа, Инстант лотаријата СРЕЌНИ КОЦКИ, се како во играта ЈАМБ.  Учесникот го дознава резултатот од играта кога ќе го изгребе заштитниот слој и открие пет коцки. Лозот е добитен, ако коцките под заштитниот слој прикажуваат една од добитните комбинации кои се наоѓаат на задната страна на самиот лоз. Доколку на лозот не е откриена правилна комбинација, тогаш тој лоз не е добитен. Правилата на оваа инстант игра се особено блиски на  љубителите на играта јамб,  практично принципот на играње е  скоро идентичен со оваа популарна друштвена игра, Инстант лозот СРЕЌНИ КОЦКИ носи само парични премии од кои дури 5 премии од 1 милион денари, 10 по 100 илјади денари,  100 по 10 илјади денари и голем број други помали парични добивки. Вкупниот фонд на добивки во оваа инстант лотарија е 25.000.000, 00 денари, а секој трет лоз е добитен. Еден инстант лоз СРЕЌНИ КОЦКИ чини 40 денари.

 

Кој гребе, тој добива!

 

 

Оцени ја веста

30.01.2015 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега