Во Гостивар до 15 часот граѓаните покажале поголем интерес за гласање за пратеници


По последниот пресек за излезеноста на изборите во општина Гостивар граѓаните покажале поголем интерес за гласање за претставници во Собранието. 

Според податоците на Државната изборна комисија, до 15 часот за парламентарните избори правото на глас го искористиле 21.851 граѓанин (26,81%), додека во вториот круг од претседателските избори, гласале 14.911 граѓани (18,31%). 

Засега, нема поголеми пречки во одвивањето на изборниот процес.

08.05.2024 - 16:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега