Нови детали за малата Данка: нејзината ДНК не била пронајдена на автомобилот со кој била удрена

 

Како што пренесува „Нова.рс“ на ниту еден од предметите кои биле земени за помош во истрагата не биле пронајдени биолошки траги двегодишната Данка Илиќ од Србија.

Српскиот портал напиша дека досега се пронајдени повеќе од 400 траги во службеното возило за кое се сомневаат дека го користеле Дејан Драгојевиќ и Срѓан Јанковиќ кога, според нивното признание, ја удриле девојката. Обвинителството пред неколку дена ги доби резултатите од новите вештачења.

„Од внатрешноста на службениот автомобил во Бор се земени повеќе од 500 траги, како и траги од надворешната страна на автомобилот. Досега вештачењата покажаа дека нема трага од ДНК на Данка Илиќ, ниту во самиот автомобил, ниту на надворешните делови од возилото“, пишува „Нова.рс“ повикувајќи се на Вишото јавно обвинителство.

Медиумот потсетува дека осомничените работници на фирмата Водовод од Бор, Јанковиќ и Драгијевиќ биле на работна задача на 26 март кога во Бањско поле исчезна двегодишно девојче. Според признанието на Драгијевиќ, девојчето го удриле со службено возило, го задавиле и го фрлиле на дива депонија од каде два дена подоцна Дејан со неговиот татко (73) и неговиот сега починат брат Далибор ( 40), наводно го преселиле телото на друга, непозната локација.

Телото на двегодишната Данка сè уште не е пронајдено.

 
08.05.2024 - 15:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега