Трибина за создавање бизнис средина за развој на претприемачи

Создавање на бизнис средина за развој на претприемачи“ – вториот столб од Европската претприемачка стратегија 2020 е темата тркалезната маса која ќе се оддржи денеска во Струмица во организација на „Мрежата за поддршка на млади претприемачи“.

Целта на состанокот е преку дијалог да се добие релевантен придонес потребен за развој на заеднички стратешки акционен план на „Мрежата за поддршка на млади претприемачи“ во согласност со Европската претприемачка стратегија 2020.

Проектот „Мрежа за поддршка на млади претприемачи” е финансиран од Европската Унија и има за цел да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации и да овозможи нивно вмрежување и координација на иницијативите за поттикнување на младинското претприемништво и активно вклучување на младите на пазарот на трудот. 

 

 

Оцени ја веста

30.01.2015 - 09:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега