Ужасна трагедија: Ја прегазил дампер, од неа не остало ништо

52- годишната Славуја Станиќ настрадала синоќа во рудникот за бакар Мајданпек, откако ја прегазил дампер.

Несреќната жена загинала во рудникот во кој работела цели 30 години.

Според нефицијални информации кога нејзините колеги приметиле дека ја нема и започнале да ја бараат виделе само женски чизми покрај дамперот, а кога по поместиле под него откриле само смачкани остатоци и многу крв.

Како што јавува српски „Новости“ на местото на трагедијата жената управувала со пумпната станица. Во средата навечер кога се случила страшната несреќа, таа била втора смена на работа. Кога околу 23 часот нејзиниот колега дошол да ја смени откриле дека ја нема.

Огромниот камион со кој се пренесува руда тежи околу 200 тони, а како дошло до несреќата се уште не е познато. 

 

 

Оцени ја веста

29.01.2015 - 20:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега