Како се релаксираат македонските ѕвезди кога ќе се изгаснат камерите?

Приватноста на познатите фаци е тоа што најмногу ја интересира јавноста, а благодарение на социјалните мрежи во последно време можеме да ѕирнеме во некое катче од местото каде се најопуштени. Како што пишува Вечер, за Маја Вукичевиќ најубавиот одмор е во прегратките на миленичето. Аделина и по дома си седи средена пиц-пец и, секако, нема поудобна домашна папуча од висока штикла.

Сара Марковска најмногу ужива дома во тренерки, а Панчо ужива играјќи со синчето.

 Иако е на породилно отсуство од естрадата, Сузана Гавазова пее и низ дома додека ја чува ќеркичката Емили. За да остане во кондиција.

 Тамара Тодевска кога е по дома изгледа не се гушка и се опушта само со вереникот. Има уште двајца или две или... мачките Бемка и Марко.

 

 

Оцени ја веста

29.01.2015 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега