Активни два пожари: Пожарот во прилепско се приближува кон манастирот Трескавец

ЦУК информира дека на територијата на државава изминатото деноноќие имало 8 пожари од кои 6 се изгаснати а два се се уште активни и тоа кај селото Доброшинци во општина Василево, и над населбата Варош во општина Прилеп.

Од Центарот за управување со кризи соопштија дека во Доброшинци екипи на противпожарната единица од Струмица го догаснуваат пожарот.


 

"Доколку во текот на денот има потреба од дополнителни сили ќе се бара помош од ТППЕ Радовиш и воздухопловна поддршка од хеликоптер", велат од ЦУК.

Во текот на изминатиот ден во интервенцијата учествуваа пожарникарите од ТППЕ Струмица со четири возила и 20 пожарникари, ТППЕ Радовиш со пет пожарникари и две возила и околу 25 полицајци, а беа активирани и двата хеликоптера на МВР.

Активен е и пожарот зад населбата Варош во општина Прилеп каде гори ниска вегетација. Активен е крак што се движи во насока на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ (манастирот „Траскавец“) кој се гаси во утринските часови и не претставува опасност за населените места. Пожарот почнал од пожар на патничко моторно возило.

Утрово, градоначалникот на Прилеп побарал од ЦУК да се обезбеди воздухопловна поддршка на пожарникарите.

Во текот на изминатиот ден интервенирале 15 пожарникари со пет возила и една цистерна од ЈП „Комуналец“ Прилеп, кои пред полноќ биле повлечени од терен.

01.07.2024 - 10:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега