Сине, ветувам дека безусловно ќе те сакам- приказна која ќе ве освои

Поминувам многу време размислувајќи каква мајка сакам да бидам, какви лекции да учам, па одлучив да дефинирам 15 ветувања за мојот син. Ги пишувам овие ветувања како потсетник што навистина чувствува моето срце, посебно за сивите и бурни денови...

 

Ветувам дека ќе те слушам - и не само да слушам, ветувам дека ќе се трудам да те разберам. Ветувам дека ќе обрнувам внимание и ќе ги вреднувам твоите чувства и искуства, наместо да ги омаловажувам. Дури и кога внатрешниот порив ќе ме тера да го средам проблемот, ветувам дека прво ќе те ислушам, разбирајќи дека можеби само тоа ти треба.

 

Ветувам дека ќе се сетам како се чувствував јас - Се надевам дека никогаш нема да заборавам колку непријатно и срамежливо се чувствував во 1-во одделение, не сакајќи ништо друго освен да бидам дома со мојата мајка. Се надевам дека никогаш нема да заборавам како е да се биде тинејџер со скршено срце, или изгубен и збунет студент. Ветувам дека ќе сторам се за да не заборавам како е да се биде дете, за подобро да се соживеам со твоите чувства и да те водам. Бидејќи тие чувства се важни и реални.

Ветувам дека ќе те прифатам таков каков што си - Те познавам уште пред да ме запознаеш и ја гледам светлината во твојата внатрешност. Ветувам дека ќе те прифатам таков каков што си. Без оглед на се.

Ветувам дека ќе се радувам кога ќе го здогледам твоето лице - Омилен дел од денот ми е кога за прв пат ќе го видам твоето лице. Кога наутро тивко ќе излезеш од својата соба, со траги од спиење на лицето и отечени очи, кога ќе ми подариш голема насмевка и радосно ќе извикнеш Јее, уште еден ден сме заедно! Добро утро. Така ќе биде додека сум жива!

Ветувам дека заедно ќе истражуваме - Полесно е (и инстиктивно) да те држам блиску до себе, заштитен, но знам дека си свој човек. За да пораснеш и за да созрееш, мораш да искусиш и добро и лошо и да го почувствуваш животот подалеку од мене. Дури и кога тоа ќе ме плаши, ветувам дека ќе ги охрабрам овие ситуации.

 

Остатокот од текстот прочитајте го на Рингераја.мк

 

 

Оцени ја веста

29.01.2015 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега