Таткото доживеа хорор кога им исчезна 2- годишното дете, а мајката...

Полицијата во Вршац ги пронашла Билјана Савиќ (27) и нејзината две и пол годишна ќерка Анастасија, по осум дена од денот на нивното исчезнување.

Во соопштението на полицијата се вели дека жената не е жртва на кривично дело и дека доброволно се преселила во друг град.

Нејзиниот невенчан сопруг Бојан Милојевиќ вели дека полицијата го известила дека ја пронашле Билјана и дека неговата ќерка е добро.

- Тие ми кажаа дека се премажила и дека нашла работа. Таа доброволно отишла во Вршац, а зошто го сторила тоа само таа знае, вели Бојан кој додава дека сето ова го прифатил со леснотија кога дознал дека неговата ќерка е добро.

Следно за решавање е проблемот за старателство на малолетно дете.

 

 

Оцени ја веста

29.01.2015 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега