ФОТО: Македонец тврди дека на фотографијата му се појавил мртвиот другар

Македонецот Т.Н. тврди дека на фотографија која што ја сликал со мобилен телефон, се појавил одамна починатиот другар.

 

На фотографијата се гледа сенка од војник за кој некои сметаат дека е фотомонтажа, а други пак, веруваат во нешто натприродно, пишува Република.

 

Се работи за средба и дружење на неколку школски другари од цела Југославија, кои во септември минатата година се собрале кај Сребреното Езеро во српскиот Национален парк Ѓердап.

На фотографијата направена од Македонецот Т.Н., се појавува лик за кого тој вели дека во изгледот, ликот и ставот личи на нивниот одамна починат другар од ЈНА, Босанецот Ф.М., кој загинал во 1992 година.

Како што пишува Република, според Т.Н., фотографијата не го напуштила неговиот мобилен телефон и никој не ги разгледувал фотографиите од средбата. Кога неодамна ги отворил, следел шок.

Т.Н. го открива својот идентитет во коментарите на статијата на „Фејсбук“. Тој тврди дека се работи за автентична фотографија и дека се уште ја има во својот мобилен телефон, а доколку некој има техничка можност за нејзино вештачење, радо би ја предал, за овој неверојатен случај да биде разјаснет, пишува Република.

– Да беше фотошоп немаше да бидеме во шок, јас лично ја направив фотографијата – вели тој.

 

Т.Н. е оженет во Сараево и веќе со години живее и работи таму, а приказната ја споделил за босанскиот „Машки портал“.

 

 

Оцени ја веста

29.01.2015 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега