Добра вест за девојките: Најпосакуваниот македонски фудбалер раскина сo девојката

Влатко Гроздановски ја раскина 4-годишната врска со манекенката Христина Мицевска. Фудбалерот, кој веќе извесен период ги брани боите на Вардар, во моментов престојува во Турција каде е на подготовки со клубот, а тиквата меѓу него и Христина пукнала непосредно пред неговото заминување, пишува ВЕЧЕР.

-Во моментов не сум во Македонија и навистина не сакам да коментирам ништо за мојата врска. Не знам на што сме и не би сакал да зборувам со тоа", вели фудбалерот кој отсекогаш важел за миленик на понежниот пол.

Влатче пред да потпише договор за Вардар девет години играше надвор од нашата земја, а токму манекенката беше причината поради која реши да се врати назад.

 

 

Оцени ја веста

29.01.2015 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега