"Се сеќавам само на крвавите раце на Лепа Брена" - ѕвездата на Гранд си ја отвори душата

Младиот Бенјамин Кермо, кандидатот за „Ѕвездите на Гранд“ кој во текот на снимањето падна и ја повреди главата, си ја отвара душата и раскажува што се случило.

-Последното на што се сеќавам пред да паднам, иако низ магла, се коментарите на жирито. Не знам колку долго бев без свест, а првата личност која ја видов кога се освестив е Лепа Брена. Видов и дека рацете ми се крвави. Уште кога застанав на бината бев омалаксан, уморен и гладен. Едноставно не можев да јадам од возбуда, а не бев спиен сигурно 20 часови. Никогаш порано ми се нема случено ова – вели момчето на кое цела екипа притрча за да му пружи помош откако се сруши на сцената.

Среќа снимките не покажувале внатрешни повреди, иако него многу го боли вилицата, носот, окото и раката, од падот. Со него се цело време неговите пријатели, кои Гранд продукцијата ги смести во хотел.

Извор: Вистина.мк

 

 

Оцени ја веста

29.01.2015 - 09:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега