Оваа контрацепција немојте да ја користите- еве зошто

За жал, оралната контрацепција, колку и да е добра во превенција на несакана бременост, не смее да се користи многу години, затоа што претставува ризик за карцином на мозокот.

Долгогодишното користење на контрацептивни пилули може двократно да го зголеми ризикот од карцином на мозокот, покажало најново истражување, но данските научници истакнуваат дека во реалноста, шансите за жена да се разболе од таква болест се исклучително мали.

Научниците користеле здравствени податоци од Данска, за да споредат 317 жени на кои им бил дијагностициран глиобластом – најчестиот и најагресивниот тумор на мозокот, со 2.126 здрави жени, кои биле стари измеѓу 15 и 49 години, пренесува Daily Mail.

Жените кои користеле орална или вагинална хормонална котрацепција, имале 50% повеќе шанси за да се разболат од карцином на мозокот, за разлика од жените кои тоа не го користеле. Ризикот пак, се зголемувал на 90% кај жените кои едно од овие контрацептивни средства го користеле пет или повеќе години.

Глиобластомот најчесто се поврзувал со употребата на прогестоген, затоа што ризикот кај користење на тие хормони се зголемувал за речиси три пати. Експертите истакнуваат дека шансите за жена да добие рак на мозокот се околу 5 спрема 1.000, додека со користење на орални контрацептиви се намалува ризикот од развој на рак на јајниците.

Професор по статистика, Кевин МекКонвеј, изјавил дека поради стравување за можните здравствени ризици кои ги носат контрацептивните пилули, многу жени се префрлиле на помалку сигурни облици на контрацепција или целосно престанале да ја користат. Според неговите зборови, тоа го зголемило бројот на абортуси и ги изложило жените на здравствени ризици кои со себе ги носат бременоста и абортусот, а кои се доста поголеми од намалувањето на ризикот поради кој жените престанале да ги користат пилулите.

 

 

Оцени ја веста

28.01.2015 - 22:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега