ФОТО: Матиќ во посета на Дона Арес во болница

Српскиот пејач Саша Матиќ одржа концерт во Сараево, кој го посвети на неодамна починатиот Кемал Монтено. Посетата на Босна и Херцеговина ја искористи да ја види и да и даде поддршка на својата колешка Дона Арес која подолго време се бори со тешка болест.

Дона во неколку наврати кажа дека Саша и ги праќал потребни лекови, а сега ја изненадил и со посета, што нормално ја воодушеви пејачката.

Дона Арес веќе неколку месеци се бори со злобната болест – ракот. Иако е болна, таа во ниеден момент не попушта, секој ден е позитивен и верува дека во целост ќе се излечи.

Пејачката секојдневно ги информира своите пријатели на социјалните мрежи за својата состојба, а многу и значи нивната поддршка.

 

 

Оцени ја веста

27.01.2015 - 18:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега