Зоран Заев се сретна со француската амбасадорка
Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска оствари средба амбасадорот на Франција во Македонија, Лоренс Оер.
Од СДСМ информираат дека на средбата се разговарало за повеќе актуелни теми поврзани со економската и политичката состојба во Република Македонија, како и за билатералната соработка.
Амбасадорката Оер го поздрави формирањето на Комисијата за настаните од 24-ти декември и оцени дека со овој чекор се отвора целосна можност за успешна работа на Комисијата, се вели во соопштението.
Заев ги пренел своите убедувања дека формирањето на оваа Комисија е поттик на евроинтегративниот процес на Македонија и дека претставува основа за нормализирање на политичкиот дијалог во земјава.
Заев ја запознал амбасадорката Оер и со плановите на новото раководство на СДСМ и политичката насока во која ќе се движи партијата во иднина.