Љајиќ: Србија нема право да се откаже од имотот на Косово

 

Србија нема право да се откаже од имотот во Косово, изјави денеска вицепремиерот и министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ, нагласувајќи дека тоа ќе биде една од најважните теми на преговорите со Приштина во Брисел. 

- Ако имаме голем интерес за нешто во тие преговори, тоа е имотот што Србија го има во Косово и на кој има право, изјави Љајиќ. 

Вкупната вредност на имотот во кој спаѓаат патни, телекомуникациски, енергетски и стопански објекти на Косово до 1990 година изнесува околу 17 милијарди долари, нагласи Љајиќ. 

- Тука не се смета вредноста на земјоделското земјиште, на градежните терени и шуми, на минерали, згради и станбени објекти. Тоа ќе биде една од најважните теми за кои ќе преговараме во Брисел, нагласи српскиот вицепремиер. 

Љајиќ истакна дека Косово ја избегнува темата за имотот од самиот почеток на преговорите.

 

 

Оцени ја веста

24.01.2015 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега