Нема проширување на составот на Комисијата за 24 декември

 

Нема проширување на составот на Комисијата која треба да ги расчисти случувањата од 24 декември. По шпекулациите кои ги објавија некои медиуми дека Радмила Шеќеринска и Мартин Протоѓер ќе бидат нови членови на Комисијата, од владејачката партија за Press24 велат дека станува збор за дезинформација. 
„Нема таков договор. Станува збор за дезинформација. Не е точно дека е договорен Протоѓер да биде дел од ова тело“ - вели висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ за Press24.
Во секој момент треба да започе првата седница на Комисијата кај Претседателот Иванов. Со неа ќе претседава професорот Борче Давитковски. ВМРО-ДПМНЕ ќе го претставуваат Благородна Дулиќ и Илија Димовски, а СДСМ Љубомир Фрчковски и Рената Десковска

најчитано сега