Рецепт: Ќофтиња полнети со маслинки

 

Потребни состојки:

  • 500гр мешано мелено месо
  • 100гр презла
  • 2 јајца
  • 20-25 маслинки полнети со пиперка
  • бибер

За сос:

  • 2 лажици мелен зелен бибер
  • 1дл павлака за готвење
  • 100гр варен спанаќ
  • сол по потреба

Начин на подготовка:

Меленото месо помешајте го со презла и јајца да добиете хомогена смеса. Додадете бибер и сол и уште еднаш помешајте.  Со влажни раце издвојувајте по малку месо во средината додадете ја маслинката и обликувајте ги ќофтињата. Држете ги 20 минути во фрижидер, па наредете ги на подмачкан плех и печете околу половина час на 280 степени. За време на печењето свртете ги од другата страна. Сварете спанаќ и иситнете го во блендер, во тенџере соединете ги сите состојки, Варете една до две минути и тргнете од оган.

Извор: Попара

 

 

Оцени ја веста

21.01.2015 - 18:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега