Првооделенец кој не се шишал од раѓање

Првооделенецот Огнен Спасиќ има плетенка и коса подолга од половина метар. Родителите велат дека не планирале, туку тоа едноставно се случило. Тие ја одложувале одлуката на шишање, додека косата не станала веќе негов заштитен знак.

Седумгодишниот Огнен Спасиќ, ученик во првото оделение во основното школо „Бранко Радичевиќ“ од раѓање не ја скратил косата која во моментов му е подолга од половина метар, а плетенките се негов заштитен знак. 

Неговите родители Душан и Сунчица објаснуваат дека тоа не била зацртана одлука туку едноставно се случило.

„Кога беше млад, ни беше симпатично, косата растела, а ние одлуката за шишањето ја одложувавме. На почетокот планот беше да ја скратиме кога тргна во градинка, потоа во школо, и така времето минуваше, косата растеше и стана дел од неговиот идентитет и знак на препознавање“, вели неговиот татко Душан и признава дека неговата сопруга Сунчица е задолжена за одржување на неговата долга коса, и дека неколкупати безуспешно се обидел да иницира шишање.

 

 

 

Оцени ја веста

20.01.2015 - 23:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега