ВИДЕО: Не побрз од животот - леташе со Ламбурџинито во Унгарија со 360 км на час, погледнете како заврши

 

Ако се сеќавате, во септември пишувавме за голема сообраќајна незгода во Унгарија, во која целосно беше уништен Ламборџини Хуракан, кој леташе со преку 300 километри на час. Полицијата во Унгарија овие дена објави виде од целокупниот настан...

Колку и да сите ги сакаме егзотичните возила и брзите вожњи кои обично ги пратат, секогаш треба да се има доволно мозочни клетки и добро да се размисли пред да, во налет на адреналинот, со десната нога се нагази на гаста до крај, затоа што последиците неретко можат да бидат крајно сериозни!

Токму тоа и се случи во Унгарија во септември во 2014 година, на автопатот М7, кога во бркотница со голема брзина, поточно 336 километри на час, 36 годиш возач на Ламбурџинито со чешки таблици, за момент изгуби контрола... Возилото удри во заштитите огради, по што беше целосно уништен, за на крајот да заврши во ровот.

За голема среќа, возачот, не само што не беше потешко повредени, туку успеа и на време да го извлече совозачот кој и понатаму се опоравува од повредите.

 

 

 

Оцени ја веста

20.01.2015 - 19:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега