Починал на компјутер: Три дена нон-стоп играл игрици

32 годишен маж е пронајден мртов во едно интернет кафе, откако во него минал три дена играјќи без престан видео игри- во „гејмерски маратон“.

 

Настанот се случил во Тајван , а мажот бил пронајден на столче пред компјутер , откако 72 часа минал играјќи видео игри со пукање. Мажот имал 32 години и се презивал Хсиех.

Вработените во интернет кафето и другите гости забележале како мажот  лежи на столот без да мрда , но прво мислеле дека тој спиел.
Кога еден од вработени отишол да провери што се случува со , открил дека Хсиех не диши и веднаш повикал возило на итна помош. Мажот е однесен во болница , каде е прогласен за мртов.

Работникот кој го пронашол мртвиот „гејмер“ за тајванските медиум и изјавил:

„Хсиех беше редовен гостин во нашето интернет кафе и секогаш играше компјутерски игрици неколку дена по ред. Кога ќе се замореше , спиеше пред компјутерот. Поради тоа на почетокот не бевме свесни што се случува“:

Лекарите инаку потврдиле дека Хсиех починал од проблеми со срцето, „изненадана смрт“ предизвикана од „предолго играње на игрици“.
Шефот на полицијата додал дека и ниските температури и интензитетот на играњето допринеле за смртта на Хсиех.

 

 

Оцени ја веста

20.01.2015 - 09:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега