Оваа пеперутка е навистина ретка, половина е машки пол, половина е женски пол
На Академијата за природни науки на Универзитетот Дрексел постојат 3,5 милини примероци од различни инсекти, но пеперутката која ја откри еден од волонтерите навистина е една во милион.
Една половина од крилјата на оваа пеперутка, позната како Lexis pardalis е прекриена со шари типични за машки примероци од тој вид, додека другата половина, односно другото крило на пеперутката во бои типични за женки.
- Помислив дека некој се шегува со мене. Оваа пепертука едноставно е совршена, рече Крис Џонсон, волонтер кој ја откри пеперутката во текот на работата на Академијата.
Џонсон пронајде една пеперутка со ретка состојба позната како ginandromorf (организам кој поседува и машки и женски карактеристики).
- Гинандроморф најчесто се јавува кај птици и пеперутки каде машките и женските примероци имаат каратеристични, различни бои, објасни Џонсон.
Појавата, вообичаено се случува во раниот развој кога клетките се делат и формираат ембрион. Тогаш доаѓа до неправилна поделба - така што XXYY се делат во X и XYY наместо по две XY ќелии. Клетките продолжуваат да се делат и размножуваат, а организмот продолжува да се развива како во два различни пола.
Пеперутката која ја откри Џонсон на Академијата по потекло е од тропските прашуми во југоистична Азија и е во многу добра состојба. Десната страна на пеперутката е во типично женски бои - кафена со жолти и бели дамки. Левата страна има карактеристики на мажјак и на неа се прелеваат црната и зелно-сината боја.
Нејзиното „машко“ крило е помало од „женското“.
Јавноста пеперутката ќе може да ја види на изложбата која Академијата ќе ја организира од 17 јануари до 16 февруари.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа