ВНИМАВАЈТЕ: Еве што е поопасно и од дебелината

Недостатокот на движење е поопасен од прекумерната тежина, покажа 12-годишно истражување на истражувачите од Универзитетот во Кембриџ  што било направено на  300 000 луѓе, соопштува BBC.

Резултатите покажуваат дека смртните случаи од неактивност секоја година се 676 000, во споредба со 337 000 со вишок тежина.

Барем 20 минути брзо одење на ден имаат значителни придобивки врз здравјето и вежбите се корисни за сите, независно од нивната тежина, објаснуваат експертите.

Дебелината и недостатокот на движење често одат рака под рака, иако е познато дека слаби луѓе имаат поголем ризик од здравствени проблеми, ако се неактивни, а дебелите луѓе кои се движатт, се во подобро здравје од оние кои не го прават тоа.

Истражувачите следеле 334 161 Европејци во текот на 12 години, и го оценувале нивото на физичка активност и ја запишувале секоја смрт.

Тие откриваат дека најзагрозени се луѓето кои не се движат.

Според стручњаците отстранувањето на неактивноста во Европа ќе ја намали смртноста за речиси 7,5% (или околу 676 000 смртни случаи), а намалување на дебелината ќе го редуцира со само 3,6%.

Сепак експертите препорачуваат одржување на нормален индекс на телесна маса, за да се намали ризикот од дијабетес тип 2 и кардиоваскуларни болести.

 

 

Оцени ја веста

15.01.2015 - 14:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега