Никој не ме разбира, не можам да престанам да раѓам деца

 

Чауни Бруси веќе има четири деца, но не сака да застане тука. Од друга страна, нејзиниот сопруг не сака уште деца. Таа едноставно ги обожава бебињата, нивната невиност и ранливост и ужива грижејќи се за нив. Во овој текст таа пишува за нив.

Кога ќе ја подигнам и ќе ја осетам нејзината тежина на моите раце, мислам на тоа. Кога ќе ја бакнам меката, неодолива кожа на нејзиниот образ, мислам на тоа. Кога ја успивам и гледм во нејзината нежна коса и уживам во секоја секунда,
мислам на тоа
- Моето четврто бебе го добив во август, а многумина ја сметаат за луксуз, нешто што ги поминува можностите на обичните луѓе. Четири деца? - често извикуваат со неверување. Знаете ли вие што значи тоа? Да знаеме дека е чудно, но нас децата не ни претставуваат проблем.

Јас од секогаш сум сакала бебиња. Се сеќавам дека како мала ги шпионирав бебињата кои мајките ги туркаат во нивните колички и бев одушевена кога ќе ми се насмевнеа. Бебињата се мојата љубов - се осеќав како да имам посебна конекција со нив.

А за мистериозните бебиња открив се низ бременоста и раѓањето. Во средно школо сакав да се запишам на медицина и да станам педијатар, но потоа се предомислив и станав бабица. Во последната година од студирањето забременив, но работев се додека можев. Бебињата од секогаш ме фасцинирале. Затоа не сакам ова да биде моето последно бебе. Не постои физичка причина поради која морам да престанам да раѓам, но свесна сум дека уште деца се многу голем исчекор за мене и за мојот сопруг. Во изминативе шест години водиме борба со мали деца. Иако воглавно ни беше забавно, многу се изморивме. Бракот ни е ставен на тест, мојот маж сакаше - и мораше - да ги рашири своите крилја и да ја добие работата од соништата.

Иако го подбуцнувам да имаме уште едно дете за срцето да ми биде полно, знам дека во овој момент уште едно бебе би можело да не турне од работ. Прв пат се осеќам себично што сакам уште едно дете, како да не знам колкав впечаток оставаат децата кај мажите кои стануваат татковци. Јас сум пресреќна, презадоволна од својот живот - во тоа се уверувам секој ден. Имам се што секогаш сум сакала. Толку сум среќна што понекогаш се прашувам колку долго ова ќе трае.
Кога оваа недела се возевме со сопругот додека нашите деца скокаа на задното седиште, тој рече „тоа е тоа, нема веќе деца", а јас осетив како среќата ми се лизга низ прсти побрзо отколку што моите деца растат пред моите очи.
Вистина е дека се плашам од она што следи.
Се плашам од животот без моите деца.
Се плашам од животот без слатката невиност која ја гледам во очите на мојата најмала ќерка.
Се плашам од животот кој ќе го поминам без убавата тежина на бебешко тело на моите раце. Едноставно се плашам да продолжам понатаму.
Често слушам приказни за родители кои уживале во растот на своите деца, го впивале секој момент од нивниот развиток и го памтеле. Секој пат кога ќе ги затворам очите, го гледам изразот на бабата на мојот маж, ги гледам нејзините очи полни со солзи и слушам како ми збори дека овие денови, кога бебето е во моите раце, сигурно и наивно, се најубавите денови во животот.
И јас верувам во тоа со сето срце.

Но во тоа и е проблемот - ако ова е најубавиот период од мојот живот, како туку така да го оставам зад себе?

Извор: Вечер

 

 

Оцени ја веста

14.01.2015 - 17:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега