ФОТО: Дени од Браво бенд ја запроси девојката преку песна!

 

Дени од Браво бенд на мошне креативен начин ја побарал раката на девојка му со која неколку години е во врска.

Неговата избраничка возбудена и среќна нормално одговорила со "да", а најинтересен дел во целата приказна е што тапанарот ја запросил преку стиховите од песната "Лутка" од С.А.Р.С.

-Жаре од С.А.Р.С. е мој голем пријател. Го замолив да сними видео во кое ќе ја испее нивната песна "Лутка", а на крајот ќе ја замоли Тина да се омажи за мене. Нормално, таа блескаше од среќа и без размислување кажа "да". Инаку, ова е една од нашите поомилени песни и токму поради тоа решив вака да ја побарам, изјавил Дени за Вечер.

Свадбата се уште не е закажана, но двојката планира да биде во септември.

 

 

Оцени ја веста

14.01.2015 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега