Едвај стоел на нозе, но седнал зад волан - полицијата приведе кичевец
Рано утрово во Кичево полицијата го приведе М.Б. (63) од Кичево. Тој со „фолксваген пасат“ во населбата Горица возел под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,04 промили алкохол во крвта.
М.Б. бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
26.04.2025 - 15:53
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа