"Никој нема да ми го земе, ќе се борам до смрт" - се огласи српската пејачка

 

Селма Бајрами моментално поминува низ развод од сопругот Мујо Мишиќ, со кој води битка за старателство над 2-годишниот син. Фолк пејачката пред 6 месеци поднесе барање за развод и вели дека со сите сили ќе се бори да го задржи синот Дарис.

Моментално таа живее со својот син, на само неколку улици од куќата на Мишиќ во Виена.

 Пред неколку месеци покренав барање за развод на бракот, а тој за старателство. Навистина не знам која е целта на мојот сопруг бидејќи отсекогаш сум сакала да имаме нормална комуникација, но очигледно дека тоа со него е невозможно. Во сето ова што ме снајде, нашиот син е најбитен, а не ние. Секогаш сум била за изреката: „Подобро добар развод отколку лош брак“. Зошто тој сето тоа го прави, ќе мора да го прашате него. Не сме во добри односи затоа што тој сака така, а не јас. Тој детето не сака да го гледа, тоа го прави само јас кога ќе му пратам порака или ќе му се јавам, се е моја иницијатива. Јас би сакала да е поприсутен во животот на мојот син и никогаш не би му бранела да го гледа - изјави Селма. 

Таа додава дека за синот ќе се бори до смрт и нема да дозволи никој да и го одземе.

 

 

Оцени ја веста

12.01.2015 - 13:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега