Втор круг од претседателските избори во Хрватска

Во Хрватска утре се одржува втор круг од шестите претседателски избори од добивањето независност, а кандидати се Иво Јосиповиќ (СДП) и Колинда Грабар Китаровиќ (ХДЗ).

На полноќ настапи изборен молк. Избирачките места ќе бидат отворени во седум часот наутро и затворени 12 часа подоцна.

Право на глас имаат околу 3,8 милиони гласачи.

Кандидатите според анкети се во т.н. мртва трка со што претстојат најнеизвесни претседателски избори во историјата на државата.

 

 

 

Оцени ја веста

10.01.2015 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега