Хрватска во недела избира претседател

Хрватите в недела ќе гласаат на вториот круг од претседателските избори, на кој треба да се решат меѓу актуелниот претседател Иво Јосиповиќ и Колинда Грабар Китаровиќ од конзервативната Храватска демократска заедница (ХДЗ), во услови на зголемено незадоволство од економската криза во земјата, што трае веќе шест години. 

На првиот круг одржан на 28 декември, 57-годишниот социјалдемократ Јосиповиќ доби 38,46 отсто од гласовите, а поранешната шефица на француската дипломатија Грабар Китаровиќ 37,22 проценти,

Овој резултат му нанесе удар на досегашниот претседател, кој е кандидат на владејачката лева коалиција и кој според анкетите беше фаворит за победа уште во првиот круг. 

Избирачите во Хрватска, која има 4,2 милиони жители, според аналитичарите, „го казнија“ во првиот круг Јосиповиќ поради неспособноста на Владата да ја заздарви економијата.

- Ние бевме товар за него и ќе бидеме товар и во вториот круг. Тој ќе треба да живее со тоа, истакна хрватскиот премиер Зоран Милановиќ. 

Хрватска е во речиси континуирана рецесија од 2008 година, државниот долг претставува околу 80 отсто од БДП на земјата, а стапката на невработенот достигна 20 проценти и секој втор млад човек е невработен.

Аналитичарите велат дека исходот од гласањето во неделата не е сигурен. Не е објавено ниту едно социолошко истражување, со кое би се добил увид за расположението на гласачите. 

Хрватскиот Устав му дава на претседателот ограничени овластувања. Тој е врховен командант на вооружените сили и заедно со Владата е задолжен за надворешната политика.

За време на предизборната кампања двајцата кандидати ветија дека ќе дејствуваат во насока на обновување на економијата, иако тие овластувања не се во рацете на претседателот.

Јосиповиќ беше избран за претседател во 2010 година, кога вети дека ќе работи на искоренување на корупцијата во земјата. Тој сега предлага уставни измени и децентрализација на земјата.

- Предлагам силни региони, кои ќе бидат двигател за економското обновување, изјави тој.

Грабар Китаровиќ во резултатите од првиот круг гледа „волја за промена“. 

 

 

Оцени ја веста

09.01.2015 - 18:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега