Патот кон светскиот тоталитаризам

Всушност намерата е да се воведе сосема нов тип на валута која ќе биде глобална,  и која ќе ги замени сите книжни валути и целосно ќе го смени таканаречениот централизиран економски систем, а веќе има и име: „карбонска валута“.
Ќе биде потопорен столб на новиот економски систем кој нема да се заснова на цената, туку на енергијата – нејзиното производство и потрошувачка.

Последиците од таквите големи планови кои ја опфаќаат целата планета и имаат влијание на сите луѓе по правило се највидливи и истите најмногу ги чувствуваат на своја кожа, низ големите војни, глобалната економска криза, кои имаат последици за сите нас, а понекогаш и на цели генерации. Но, дел од големите планови на ситно се ткаат, и некогаш се помалку драматични и неприметливи.

Ова е поврзано и со уредите на радијаторите кои се инсталирани во становите и во зградите, според законите на Европската унија кои за жал и ние сме подложни и обврзани да ги почитуваме во наредните години. Како и обично работите се претставуваат како позитивен чекор, барем на две нивоа.

Од една страна ни говорат дека на овој начин ќе се придонесе во борбата против наводното глобално затоплување, а од друга секој станар ќе плаќа колку што се грее. Па така ќе може и да штеди. Намерите кои се кријат зад ваквите закони на Европската комисија, како и секогаш, немаат намера да бидат усмерени за добробит на луѓето, или природата, туку ќе се разоткрие зошто идејата за глобално затоплување е толку важна за управувачките светски структури), како и тоа дека секогаш овие дечки мајсторски знаат да ни ги спакуваат ваквите закони. Понекогаш светот изгледа како џиновски луна парк – ништо не е како што ни се претставува .

Планот за премин на некоја светска електронска валута е познат веќе некое време. Беше споменат и во еден текст во списанието „Технократија, карбонска валута и паметна мрежа“, од Патрик М. Ворд.

Подоцна на некои места беше поврзана со насилното имплементирање на идејата за глобалното затоплување (кое во себе ја содржи идејата дека секој од нас е непријател на планетата и дека трошењето енергија всушност е еден вид на злочин)

Новата валута како што пишува Ворд има цел да ги смени сите видови на валути, и целосно да го промени централизираниот економски систем. И додека во САД книжните пари и кованиците се уште преставуваат 7% од вкупната економија, Шведска според Светскиот економски форим, минатата година била најуспешна во Извештајот за глобалната информатичка технологија, готовината е уште поретка. Пведска беше првата земја кога ги воведе кованциите. Уште во далечната 1661 година. А сега ќе биде и прва која ќе ги укине.
Еден од таквите мали чекори пред неколку години го направи оваа земје е кога готовинското плаќање го прати во историјата. Шведска не планира да го воведе еврото, туку во целост да ги укине книжните пари.

Ова особено доби на значење откако се случи големиот грабеж во кој арамиите со хеликоптер се спуштија на кровот на возилото, кое ги транспортирало парите, и ја однесоа круната од милионски износ. Од тогаш во јавноста се почесто се слушаат гласови за воведување на виртуелни валути, објаснува Џонас Милтон од Средната банка во Стокхлом.

Вообичаениот аргумент за укинување на физичките пари е тоа што е неспретен за ракување, тежок, валкан, не остава траги кога со нив се работат финансиски трансакции.

Светот без готовина денеска не доведува во вистинска зависност на контролиран систем.

Карбонската валута, пишува Ворд се темели на редовно распоредување на расположливата енергија на луѓето во светот. Нели, ако се употребува во одреден временски период, валутата ќе истече (како месечните минути во вашата претплата за мобилен) така што исти луѓе можат да примат ново распределување, на темелот на новата квота за производство на енергија за следниот период.

Идејата за технокрација

Идејата за размена на енергијата датира уште од периодот во 1930-те години. Главниот научник во позадина на технокрацијата е М. Кинг Хуберт геолог кој подоцна ќе ја изнесе сега славната теорија за производството на нафтата.

Технократското решение за делотворност на друштвото е да граѓаните добијат енергетски сертификати за да би имале учество во економијата.... (енергетски сертификати) кои ќе се издадат на сите индивидуалци.

 Јудит Хан во 1995 година во еден текст „Кон глобалната карабонска валута“ во научното списание New Scientist предложи да се постави глобална квота за годишно согревање на фосилни горива и истото рамномерно да се распредели на сите возрасни луѓе на светот.

 

Престижниот Harvard International review во 2006 година пак објави текст „Нова валута“ во кој пишуваше дека сите оние кои се залагаат за забавување на глобалното затоплување најдобро ќе биде да тргнат во правец на создавање на силна национална кабонска валута. Имено светската економија бара да секој режим кој сака да ги ограничи емисиите на гасови загадувачи во околината мора да го земе во предвид и трошокот за тоа. 

 

 

Оцени ја веста

09.01.2015 - 17:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега