Луѓе помогнете, маж ми го фрли бебето од прозорец - детали од ужасната драма

Вистински хорор ја потресе Србија. Женско бебе родено пред 15 дена загина утрово околу 5 часот во Белград.

Во момент на нервно растројство таткото си го фрлил штотуку роденото бебе низ прозорец. Лекарите можеле само да констатираат смрт. 

 Како дознава српски Ало, по утринската расправија со сопругата 35-госишниот Б.З таткото -убиец добил напад на шизофренија и го фрлил своето родено бебе низ прозорец. Несреќната мајка за да ги  спаси  и другите две деца ги фатила  и во пижами побегнале надвор, односно заминале да видат што е со бебето. Од шокот почнала да вришти, и да вика за помош. Првиот сосед ги примил во неговиот стан откаде е и повикана полицијата и Итната помош. 

Откако полицијата пристигнала во домот на 35-годишниот Б.З на властите им требало околу 20 минути да го совладаат монструмот. 

 Таткото-убиец е префрлен во психијатриска болница.

Инаку, соседите за ова семејство изјавиле дека тие биле фини и повлечени луѓе. 

- сите сме во шок, па зар тоа наш сосед да го направи? Секогаш беше насмеан и тивок, секогаш културен и имавме сите впечаток дека е среќен човек, изјавил соседот.

 

 

 

Оцени ја веста

09.01.2015 - 13:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега