Платиле за станови, но не ги добиле– бесен клиент е можниот убиец на познатиот бизнисмен

Бугарскиот бизнисмен Митко Дамјанов и неговата 42-годишна сопруга беа убиени синоќа во софиската населба Витоша. А можна причина за двојното убиство како што пренесуваат буграските медиуми е измама од страна на градежната компанија на Дамјанов.

Имено во 2011 година околу 60 лица се пожалиле до јавниот обвинител дека две градежни фирми ги измамиле, при што тие уплатиле околу 5 милиони лева за изградба на задруги, но не ги добиле становите кои планирале да ги косристат како канцеларии, односно изградбата не ни започнала.

Митко Дамјанов бил еден од сопствениците на една од градежните фирми.

Против Дамјанов била покренатна прекршочна постапка, но од полицијата прецениле дека нема доволно докази за умислена измама. Тоа е една од верзиите за двојното убиство која ќе се истражува. Односно ќе бидат распитани луѓето кои биле „измамени“ од фирмата на Дамјанов, како и неговите претходни бизнис соработници и колеги.

Според информации од бугарското министерство за внатрешни работи ова не е првпат семејството Дамјанови да бидат на мета, минатата година била запален и нивниот автомобил, а сторителот никогаш не бил пронајден.

Убиениот 48-годишен бизнисмен и неговата 42-годишна сопруга имаат 18-годишна ќерка.

 

 

Оцени ја веста

09.01.2015 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега