Откриен антибиотик кои ги убива и супербактериите

Научниците открија нов вид антибиотик кој може да убие широк спектар опасни и резистентни бактерии, прв во последните 30 години, пишува „Лајфсајанс“.

Во лабораториските експерименти бактериите не развиле отпорност кон новиот лек наречен тиксобактин и многу е веројатно дека ќе им бидат потребни неколку децении да станат отпорни.

- Тиксобактин е лек кој ветува. Многу е ефектен против резистентните патогени во неколку случаи на инфекции кај животните – напишале истражувачите во својот извештај.

Проблемот со бактериите кои се отпорни на антибиотици е сериозна закана за човештвото и пронаоѓање на нови антибиотици е многу тешка задача. Постоечките методи за изолација на супстанцијата од бактериската култура обично ги изолираат само антибиотиците кои веќе се во употреба, се наведува во студијата.

Истражувачите на 7 јануари го објавија текстот во журналот „Природа“, а истражувањето е во рана фаза и уште не се знае дали антибиотикот ќе биде ефикасен во лекувањето кај луѓето, како што е екифасен кај животните.

 

 

Оцени ја веста

08.01.2015 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега