На Божиќ ограбен ресторанот на Новак Ѓоковиќ

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се најде во навистина непријатна ситуација за големиот христијански празник Божиќ откако доби вест дека неговиот ресторан во Белград е ограбен.

Причинета е материјална штета и неофицијално, се украдени околу 7 илјади евра. Таткото на Новак, Срѓан за српски „Телеграф“ ја потврдил кражбата и изјавил дека некои луѓе немаат ништо свето.

Прворангираниот тенисер на АТП-листата моментално се наоѓа во Доха, каде е дел од тениски турнир и утре игра четвртфинале против хрватскиот ас Иван Карловиќ.

 

 

Оцени ја веста

08.01.2015 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега