Во Грција и Кипар затворени училиштата поради студот

 

Училиштата во повеќе општини во грчката престолнина Атина денеска ќе бидат затворени поради студот, јави националното радио.

Поради истите причини настава нема да има ниту во училиштата во некои реони на Северна Грција. Властите предупредуваат дека поради голомразица автомобилите треба да носат синџири.

Силен студ го зафати целиот средоземноморски остров Кипар, пишуваат весниците во Никозија.

Температурите во островската држава денеска се очекува уште повеќе да опаднат, пишува весникот „Филефтерос“. 

Синоптичарите предупредуваат дека студот ќе трае и во наредните два дена.

Поради студот и снегот многу реони се отцепени од светот. Десетици патишта се затворени, а училиштата не работат.

Снежната покривка во престолнината Никозија вчера изнесувала 20 сантиметри.

 

 

Оцени ја веста

08.01.2015 - 09:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега