Берлин подготвува планови за евентуален излез на Грција од еврозоната

Берлин подготвува планови за евентуален излез на Грција од еврозоната, тврди германскиот весник „Билд“, повикувајќи се на анонимен владин извор.

Германските планови содржат опции, кои ги согледуваат последиците од можниот наплив на штедачи кои би ги повлекле своите пари од банките во случај Грција да ја напушти еврозоната.

Според весникот, Владата на канцеларката Ангела Меркел разработувала сценарија во случај на предвремените избори во Грција на 25 јануари да победи партијата СИРИЗА, која сака да ги прекине строгите мерки за штедење и да отпише дел од грчкиот долг.

Во текстот се додава дека владини експерти изразиле загриженост поради евентуален колапс на банки, доколку земјата ја напушти еврозоната.

Германскиот вицеканцелар Зигмар Габриел претходно истакна дека Германија сака Грција да остане во еврозоната, дека Берлин нема планови за евентуален излез на Атина од еврозоната, која според него во последните години станала многу постабилна.

 

 

Оцени ја веста

07.01.2015 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега