Македонец ќе го освојува К2 - еден од најопасните и највисоките врвови во светот

 

Здравко Дејановиќ се подготвува да стане првиот Македонец кој ќе го искачи најопасниот и втор по височина врв на светот К2, висок 8,611 метри. Дејановиќ денеска тргнува за Пакистан од каде ќе ја започне експедицијата за освојување на врвот К2.

-Голема чест е да се искачиш на еден од најтешките врвови во светот. Жалам што немам поддршка од државата и што ќе морам сам да заминам на овој тежок потфат. Досега од балканот врвот К2 го имаат искачено само двајца од Словенија и еден Хрват, изјавил Дејановиќ.

Тој изјавил дека условите за искачување се екстремно тешки и дека досега имало и други обиди од Србија кои завршиле неуспешно.

-Имаше обиди и за други експедиции од Србија кои завршија неуспешно со трагични последици и жртви бидејќи условите за искачување се исклучително тешки. Врвот е опкружен со мраз и слаба видливост. Имав добри подготовки со мојот пријател Слободан Соколовски кој е експерт по алпинизам, .

Врвот К2 прв пат бил искачен во 1956 година. Потоа цели 23 години никој не успеал да ја победи дивината на Хималаите, во регионот Каракорум лоциран на Пакистанско – Кинеската граница.

ФОТО: Таратур

најчитано сега