Рецепт: Погача со паричка

 

Потребно: * 1 кг брашно * 1 квасец * 1 лажичка сол * млака вода по потреба * 1 паричка Приготвување: квасецот се раздробува и се меша со поголемо количество брашно. Се додава сол, а во средината на брашното постепено се додава млака вода и се замесува мазно тесто, без грутки. Кога ќе се потроши брашното, тестото се удира од ѕидовите на садот, а потоа се истура врз штица за мешање, се досипува преостанатото брашно и убаво се замесува. Кога тестото ќе стане сјајно и мазно, се обликува во форма на погача, внатре се става паричката, се става во набрашнето тавче и се остава да стои уште 15 минути. Потоа врз тестото се прават шари со виљушка или со дел од тестото и се пече во убаво загреана рерна додека не добие златна кора. Печената погача се витка во крпа и се остава малку да се излади.

 

 

Оцени ја веста

05.01.2015 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега