Најголемиот грчки терорист уапсен по бегство од година дена

Христодулос Ксирос осуден на доживотен затвор поради тероризам, после бегството од година дена, вчера повторно е уапсен, пренесуваат агенциите.

Анти-терористичката единица на Грција го уапсила Ксирос во југоисточниот дел на Атина, но полицијата не ги прецизирала околностите на апсењето.

Ксирос бил во бегство од јануари 2014 кога не се вратил од одсуство во затворот Коридалост, а според пишувањето на грчките медиуми, го сметале за најбаран бегалец во оваа земја.

Бил припадник на грчката екстремна левица, организацијата „17 ноември“ која е распуштена во 2002 година. Признал 23 убиства, меѓу кои и убиството на шефот на огранокот на ЦИА во Атина Ричард Велч.

Од неговото бегство се прочуло дека повторно се активирал бидејќи полицијата ја пронашла неговата ДНК на една експлозивна направа во мај, а само 15 дена после бегството Ксирос се појавил на една видео снимка на интернет и се заканил дека „повторно ќе загрми оружјето на бунтовниците против сите оние кои ги украле нашите животи и ги продале нашите соништа".

 

 

Оцени ја веста

04.01.2015 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега