Зошто ни се враќаат килограмите по диетата?

Губењето на килограми е толку трауматичен процес што едвај чекаме да се заврши и да ја постигнеме целта, но истражувањето кое го спроведе доктор Фил покажа дека тоа не е премногу чест случај: само малку повеќе од 40 отсто луѓе навистина успеваат во тоа.

Работите да бидат полоши, речиси сите ги враќаат изгубените килограми во рок од три месеци до една година, па миленикот на Опра Винфри се потруди да дознае кои се основните причини за враќање на килограмите.

На прво место е здодевноста, бидејќи на луѓето навистина им здосадува да јадат иста храна секој ден, што многу брзо предизвикува враќање на лоши навики и брза храна. Секако, треба да најдете поздрава алтернатива, но ретко кој успева во тоа.

Искушението исто така е присутно. Ретко кој има среќа да живее во околина која целосно ќе ги поддржува тие негови или нејзини напори, така што пред луѓето се реди вкусна храна која ги привлекува и тие попуштаат, за почеток како награда за успешно симнатите килограми, а многу брзо потоа во целост бидејќи едноставно ја обожуваат таа храна.

На крај, недоследните резултати имаат силно влијание на волја на лицето кое е на диета, ако килограмите не се губат рамномерно, туку по почетниот успех едноставно не продолжат да се намалуваат, многу луѓе се откажуваат од диетите и се враќаат на старите навики.

 

 

Оцени ја веста

03.01.2015 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега