Според вашиот број погледнете каква ќе ви биде 2015-та!
Освен планетите, судбината ни ја одредуваат и броевите, а ваквите текстови главно служат за забава.
За да видиме што ни порачуваа бројките за оваа година, прво треба да го пресметаме биоритамскиот број.
Тоа всушност е збир од броеви од денот и месецот на вашето раѓање, сведен на едноцифрен. Ако на пример сте родени на 27 март (2+7+3=1+2=3).
Единица
Треба да ги довршите сите незавршени работи и да ги реализирате целите кои сте си ги зацртале одамна. Ќе имате доволно енергија, мотивација и сили, посебно ако се бавите со занимање кое подразбира социјален ангажман, а тоа пред се се однесува на луѓе кои се занимаваат со спорт, јавува АТВ.
Двојка
Ова е година во која можете да почнете многу работи за што претходните девет сте размислувале и фантазирале, било да се работи за љубовта или финансиите. Бидете упорни и не се откажувајте од својата цел, а раководете се според инстинктите, а не според логиката. Треба да имате резервен финансиски фонд.
Тројка
Влегувате во година во која вашите таленти и креативен потенцијал можат да дојдат до полн израз. На многу тројки ќе им се укажат многу можности за патувања, нови љубовни авантури и дружење со пријателите. Годината посебно е наклонета на тројките кои се занимаваат со уметност, или спорт.
Четворка
Во новата година треба да се посветите на образованието и стручното усовршување, посебно ако сте млади, а ве очекуваат и чести патувања во странство. Бидете реални во проценката на сопствените можности и потенцијали и направете план на работата. Рекреацијата и промената на начинот на исхраната ќе бидат многу важни за вашиот личен напредок.
Петка
Во оваа година напорно ќе работите за да постигнете некои важни цели. Наспроти пречките и ограничувањата, ќе бидете во состојба да пробате нешто сосема ново, што може да ви донесе и соодветни промени на работа. Чувајте ги зглобовите, поради поголема подложност на повреди.
Шестка
Пред вас е година на љубов, романтични средби и познанства, дружење со млади, патување и учење. Ако сте во позрели години, веројатно ќе посакате да внесете некои промени во вашиот станбен простор, да го адаптирате станот или куќата. Односите со членовите на семејството ќе бидат од пресудно значење за вас.
Седмица
Дојде време да го унапредите своето знаење, посебно ако се занимавате со некое креативно занимање. Новата година ви носи и можност за заљубување или влез во брак или заеднички живот со партнерот. Со оглед дека сте љубител на ризици, ќе бидете во состојба брзо да донесете важни одлуки.
Осмица
Ве очекува професионална и финансиска сатисфакција со оглед дека во датумот на раѓање како и во 2015 имате осмица, број кој симболизира моќ, пари и силна волја. Треба да поведете повеќе сметка во сообраќајот, бидејќи идната година ви носи ризик од повреди.
Деветка
Во следната година треба да се концентрирате на финансиите, посебно ако планирате да вложите пари во некоја самостојна дејност. Ако се занимавате со уметност или медицина, годината ќе биде поволна за усовршување и ширење на активностите.
КУРИР
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа