За колку пари се соблече Тамара?

Целата македонска јавност ги искоментира провокативните фотографии на Тамара Тодевска која се соблече за календарот на „Пелистерка“.

Едни ја поддржуваат и се воодушевуваат на нејзината храброст, други овие фотографии ги нарекоа вулгарни.

Се претпоставува дека хонорарот што го добила Тамара за разголените фотографии изнесува 12 илјади евра.

Популарната пејачка по различните ракции на многумина за разголените фотографии, целосната поддршка ја има од најблиските.

- Ми се допаѓаат фотографиите бидејќи се професионално направени, провокативни се, но не се вулгарни. За тој календар секоја година се сликаат најубавите и најзгодни девојки кај нас, не може баш секој да добие таква понуда. Тамара имаше апсолутна поддршка од мене и целото семејство. Ја поддржа и вереникот. Точно е дека е многу ослабена, навистина се трудеше и постојано вежбаше и беше на диета, вели мајката на пејачката за „Вечер“.

 

 

Оцени ја веста

31.12.2014 - 09:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега