Ставрески: Работодавачите нема да смеат да им наштетат на работниците

Министерот за финансии Зоран Ставрески за Канал 5 вели дека има многу неточни гласини во делот на тоа кого го опфаќа оваа мерка и колкава е ставката.

- Има дезинформации, ставката не е 35%. И сега на хонораите се плаќа персонален данок од 10%. Придонесите се вкупно 26,5% - тоа е ставката која ќе ги оптовари хонорарите - вели Ставрески.

Тој објаснува зошто се воведува оваа мерка и одговара на прашањето дали е можно да се остварат стравувањата на вработените дека ќе го изгубат работното место или ќе им биде намалена платата. Ставрески уште еднаш објасни дека јавните функционери нема да бидат иземени од ова мерка.

Министерот уверува дека работодавачите нема да смеат да им наштетат на работниците.

-Работодавачите да не помислуваат да го изигруваат законското решение или некој заради истото да ги намалува правата на работниците. Ние строго ќе водиме сметка да се заштитат работниците, тоа ни е целта. Ќе направиме соодветни контроли, потенцираше вицепремиерот Ставрески.

Целосното гостување на Ставрески во вестите на Канал 5 погледнете го во видеото во продолжение.

 

 

Оцени ја веста

28.12.2014 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега