Четири милиони денари тешка инвестиција во Штип

Градоначалникот на Штип Илчо Захариев, директорите на државниот Инспекторат за животна средина Фирус Мемед и на компанијата Пакомак, Филип Ивановски денеска потпишаа договор со кој Пакомак во наредните две години треба да инвестира околу 4 милиони денари во нови контејнери и машина за селектирање на амбалажниот отпад.

Соработката со општина Штип, Ивановски ја оцени позитивно и токму затоа е избрана како партнер за реализација на проектот.

- Секој граѓанин кога ќе оди да го одложи сметот ќе има можност одвоено да го стави амбалажниот отпад, а потоа комуналното претпријатие „Исар“ да го собере и да го однесе до местото каде што ќе го доселектира и пресува, вели Ивановски.

Директорот на ЈП „Исар“, Ангел Бојаџиев информира дека ќе обезбедат простор каде што ќе бидат поставени машните за селектирање на отпадот. - Оваа инвестиција значи и отварање нови работни места и нова работна единица во рамките на комуналното претпријатие, рече Бојаџиев.

Градоначалникот Захариев смета дека проектот ќе овозможи да не се создаваат диви депонии околу градот, станбените згради, туку да се прават повеќе зелени површини.

Во текот на изминатите две години Пакомак донираше над 100 контејнери. Во текот на наредните месеци граѓаните ќе бидат информирани како да го селектираат отпадот и на кои локациите ќе можат да го фрлаат амбалажниот отпад. 

 

 

Оцени ја веста

26.12.2014 - 17:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега